Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде од – 2 до 4 степени, а максималната температура од два до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 1 до 8 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните два дена времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула.

Најтопло ќе биде в сабота, променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од -1 до 6 степени, а максималната температура од 10 до 16 степени. (МИА)