Земјотрес ја погоди Анталија, нови потреси по ужасната трагедија во Турција

З
Свет 04.04.2023. 13:27

Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран денеска во турската медитеранска област Анталија, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Според податоците на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации, епицентарот на земјотресот бил во реонот на градот Дексмо на длабочина од седум километри. Потресот е регистриран во 11:54 часот по локално време.

Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во Турција, а 115.000 беа повредени во двата разорни земјотреси на 6 февруари со јачина од 7,7 и 7,6 степени. Тешко погодена беше и соседна Сирија, каде исто така имаше илјадници жртви. (МИА)


Подкаст

Подкаст