Semic RF ја разви апликацијата за скенирање на очите со колеги од САД, и во очекување на регулаторното одобрување, се надева дека ќе започне да ја воведува до крајот на мај – рече директорот на компанијата Волфганг Грубер.
Процесот користи фотографија од очното јаболко направена со паметен телефон, а вирусот се идентификува доколку има симптоматско воспаление, кое се нарекува „розево око“.
Тој додава дека апликацијата, која е веќе тестирана на над 70.000 лица, може да процесира до милион скенирања во секунда и дека постои потенцијал да се зголеми тој капацитет, што на крајот може да им овозможи на повеќе луѓе да се вратат на масовни настани, како на пр. концерти или фудбалски натпревари.
– Откако ќе ја преземете апликацијата, ќе ги фотографирате двете очни јаболка, ја испраќате фотографијата за евалуација и го зачувувате резултатот како QR-код на паметниот телефон од тестот, додаде Грубер.
Апликацијата првично е наменета за компании и комерцијални корисници. Цената ќе биде 480 евра месечно, а подоцна се планира да ја користат и приватни лица