Републичката комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ организира панел дискусија насловена “150 години железници во Македонија 1873-2023” во Дом на култура Димитар Влахов Скопје – Автокоманда.

Панелисти на трибината ќе бидат: Проф. д-р Глигорче Вртаноски, М-р. Слободан Росиќ, Србија, Д-р Петер Верлич, Словенија, М-р. Игор Коруноски, Проф. Александар Каракачанов, М-р. Синиша Ивановски.