Христијан Мицкоски, заложникот на Димитар Апсиев и докажан непознавач на политиката и енергетиката, ги промаши сите прогнози што ги даваше пред јавноста велат од СДСМ.
– Прво и најголемо негово промашување беше дека цената на струјата за домаќинствата и компаниите оваа зима драстично ќе се зголеми, помеѓу 30 до 40 проценти. Но во реалноста не само што цената на струјата се зголеми, не само што граѓаните не плаќаат повисоки сметки за струја, туку цената на електричната енергија е сериозно намалена за 72.000 компании. Мицкоски со неговите црни сценарија предвидуваше и дека енергетскиот систем ќе колабира, дека цели градови ќе се соочуваат со рестрикции во зимата. Наспроти ваквите тврдења на Мицкоски, денес енергетскиот систем на државата работи со сите капацитети какко никогаш претходно во последните 70 години, а домашното производство на струја е сериозно зголемено. Ја плашаше Мицкоски јавноста и дека ќе нема доволно гас за грејната сезона, бараше да се купува гас за цела зима во време кога овој енергенс беше со највисока цена. Цената на гасот драстично падна, а државата ако го послушаше Мицкоски ќе беше над 100 милиони евра во зијан се наведува во соопштението од СДСМ.