Во еден ден во полициските станици низ Скопје стигнале четири пријави за каснување од улични куќиња. Завчера двајца родители пријавиле дека нивните деца ги каснало куче, еден странец и уште едно лице биле искасани од кучиња.
-На 06.04.2023 во 09.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Т.П.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Димитар Туриманџовски“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
-На 06.04.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, С.Ј.(56) од Република Србија, со живеалиште во Скопје, пријавил дека на ул.„Иван Цанкар“ бил каснат од куче скитник.
-На 06.04.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.К.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Маџари“ неговиот малолетен син бил каснат куче скитник.
-На 06.04.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Т.Б.(64) од Скопје пријавил дека во с.Ново Село бил каснат од куче скитник, соопштуваат од МВР.