Власта сака да го политизира процесот на уставни измени, затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работните групи кои треба да ги пишуваат уставните амандмани, вели лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
За него е беспредметно да се разговара за оваа тема додека не биде обезбедено двотретинско мнозинство, за да се утврди потребата од менување на Уставот.
Од Алтернарива која ја напушти владината коалиција не прифаќаат формирање на работни групи, без да постои политички консензус за устави измени.
Од партијата на Гаши со ултиматум до партиите – нема да седнат на иста маса додека не одговорат на нивниот предлог-амандман за борба против политичката корупција.
Демократскиот сојуз пак бара реципроцитет од Бугарија пред да почне постапката за менување на Уставот. Од партијата најавуваат дека нема да учествуваат во работните групи и бараат Владата директно, како и со помош на ЕУ и САД, да инсистира на признавање на Македонците во Бугарија.
„Сѐ додека Бугарија го негира македонскиот народ, како и автентичноста на македонскиот јазик, Македонија не треба да почнува постапка за промена на Уставот. Поради тоа, Демократскиот сојуз нема да номинира свој претставник во работната група за промена на Уставот“, велат од партијата.
Од владејачката СДСМ не одговорија на нашите прашања, дали по зголемување на бројот на партиите кои одбиваат да партиципираат во работните групи, власта останува сама во процесот.
Ваквата слика е се поизвесна откако ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Социјалистичката партија, Алтернатива и Демократски Сојуз одбија да испратат свој претставник во Миистерството за правда.
На само два дена до истекот на рокот веќе се пристиганти номинации и од дел од парламентарните партии и од експертската кјавност, но нивните имиња се уште се држат во тајност.