Од Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ) за ТВ 24 велат дека хотелските аранжмани во Охрид и Струга оваа сезона ќе поскапат за 30%, а покачувања на цените ќе има и за претстојните Велигденски празници. Поскапувањето, од Асоцијацијата велат дека се должи на високите цени на производите, енергенсите но и повисоките плати кои тие ги даваат на работниците за да ги задржат, односно да не се доведат во ситуација да немаат работници поради големиот наплив на Македонци кои во текот на летото заминуваат на работа во Хрватска.

„И покрај поскапувањето на услугите, Македонија останува најевтина дестинација во регионот. Нема повеќе веќе од 20 и нешто евра за ноќевање, туку е 30 и нешто евра а некаде и повеќе“,нвели претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески.

И покрај инфлацијата и кризата, оваа сезона во Охрид и Струга се очекува пристигнување на голем број туристи – домашни но и странски.

„Уште стоиме со холанѓаните. Се очекуваат пет, а се споменуваат до осум – девет летови неделно. Турските гости, полските гости, ТУИ Англија се внесува имаме повеќе англичани годинава“, рече Блажески.