СВР Битола поднесе кривична пријава против А.М.(59) од село Меџитлија, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.

Кај пријавениот била пронајдена ловечка пушка „ТОЗ“ калибар 16 без дозвола за поседување на огнено оружје.