Најмалку пет лица се повредени при уривање на четирикатна станбена зграда во Марсеј, објави градоначалникот Беноа Пајан.
– Пожарот е исклучително тешко да се контролира. Пожарникарите од минута во минута проценуваат како најдобро да го изгаснат овој пожар бидејќи внатре има потенцијално живи луѓе – рече Пајан и додаде дека јавноста мора да биде подготвена за тоа што внатре има жртви.
Улиците околу урнатата зграда се опколени и задушени со прашина.
Надлежните наведуваат дека засега не се знае колку жители имало во урнатата зграда.
– Се обидуваме да ја забрзаме акцијата бидејќи времето е важно, но кучињата не можат да ја издржат оваа температура и топлина – изјави командантот на баталјонот на противпожарната бригада на Марсеј, Лионел Матје.
Локалните власти соопштија дека се уште не се знае колку луѓе живееле во зградата.