Премиерот Димитар Ковачевски денес одговарајќи на новинарско прашање поврзано со добивањето на неговата сопруга државно земјиште за изградба на фотоволтаици правдајќи се за судирот на интереси и можниот криминал индиректно се закани кон новинарите и сопствениците на медиуми.
Тој истакна дека знаел, но не зборувал за тоа како сопруга на сопственик на медиум има добиено 1.4 милиони денари за спроведување на проект за државно финансирање.
Ковачевски за ова не зборувал, бидејќи верувал дека постапката била според закон.
Тој се надоврза, дека изминативе месеци не коментирал како сопственик на медиум добива 50 милиони евра државни набавки, бидејќи сметал дека е законски.
Со овој јавен настап, премиерот Димитар Ковачевски, спомнувајќи ги директно медиумите и нивните сопственици индиректно упати закана кон сите медиумски работници и фелата.
Ова не е прв случај каде што премиерот и владата се закануваа или пак ја попречуваат работата на медиуми и новинарите.