Партијата „Демократи“ организираше протест пред Уставниот суд против драстичното зголемување на функционерските плати кое се движи до 78 отсто. Откако овај суд укина два члена од законот за плати и надоместоци на функционери, граѓани се собраа пред Уставниот суд да го искажат своето незадоволство, пренесува Tera.mk
„Ние сите добро знаеме како овај наш народ живее, секојдневно граѓание стануваат се посиромашни. За жал не можеме да преживееме и како луѓе сме револтирани од одлуката на уставните судии. Ние како граѓани сме повредени, потценети, понижени, оваа одлука е срамна и чувствуваме дека е грабеж на народниот буџет“, рече меѓудругото претседателот на Демократи Јорго Огненовски.