Од утре дел од овошјата и зеленчукот на кои цените им беа замрзнати ќе поскапат за 5 до 20 денари.
Денеска треба да се знаат деталите за тоа кој производ колку ќе поскапи односно каква ќе биде корекцијата. Цените ќе се корегираат затоа што увозниците, кои со години доставувале лажни фактури до царина за да платат помал данок, конечно почнале да пријавуваат регуларни цени. Воедно со одлуката ќе им се излезе во пресрет и на домашните оранжерии велат надлежните. Сепак додаваат дека ниту еден од овие 11 производи кои се најдоа под замрзнати цени нема да чини повеќе од 100 денари за килограм.
Цената на 3,4 продукти ќе се зголеми за 20 денари, на 2,3 за 5, а на останатите за 10 денари. Кој производ за колку поскапо ќе се продава – ќе се знае денеска, но ако најбарани во моментов се доматите и краставиците, чија цена е замрзната на 70, односно 75 денари, со евентуалното зголемување од 20 денари, би се продавале за 90 и 95 денари. За пиперките неизвесно е колку ќе биде повисоката цена, но нема да биде поголема од 100 денари. Цените ќе се корегираат затоа што увозниците, кои со години доставувале лажни фактури до царина за да платат помал данок, конечно почнале да пријавуваат регуларни цени.
Ова следува откако Владата ги замрзна цените, а трговците се жалеа дека цените се прениски и не им е исплатливо да продаваат по истите. Затоа на пазарите мерката не се почитуваше, а во дел од маркетите производите ги снема од рафтовите. Надлежните институции до сега направиле контроли кај 30 увозници и трговци на големо и мало, меѓу кои и Кванташки, каде утврдиле лажни фактури и огромни количини овошје и зеленечук скриени во магацините. Во еден од нив најдени се 300 тони грав, кои намерно не се пуштени во продажба. Сите ќе заработат казни, а Царина, Финансиската полиција и УЈП ќе проверуваат за колку милиони евра е оштетен буџетот со лажните фактори.