Генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети во вчерашното гостување на телевизија Алсат на прашањето дали ќе се премине кон исклучување на „огнените“ од ДУИ бидејќи формираа фракција, рече дека ќе постапат според статутот. Според статутот пак, фракции не се дозволени.
-Врз основа на статутот кој е во сила, ние не го признаваме начинот на фракционирање во ДУИ, тоа е спротивно на статутот, додека статутот е главниот елемент што дефинира како треба да се однесуваме во партијата, рече Ахмети.
На прашањето дали тоа значи исклучување, тој вели:
-Ќе се однесувам согласно статутот, согласно органите, согласно анализите и извештаите што ги прават нашите органи. Јас сум легалист, ги почитувам извештаите, документите што ги донесовме и моето однесување е во согласност со документите што самите ги одобривме, заклучи Ахмети.