Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против Државната комисија за спречување корупција (ДКСК, откако овие отворија случај за распределбата на спортските ваучери.
Ова го потврди претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на денешната седница и додаде дека Комисијата се товари дека јавно објавувала информации за директорот на АМС.
Претходно ДКСК побара од Јавното обвинителство кривично да го гони поранешниот ракоментен репрезентативец и членовите на централната комисија поради сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови, побара Антикорупциската комисија.
– Станува збор за предмет кој во континуитет се работи две години. Го изанализиравме функционирањето на АМС во целина, дадовме препораки кои директорот не ги реализира, рече Ивановска.