СДС е партијата која се прогласи за наследник на комунистите, а нивниот неформален коалициски партнер Апасиев е новиот македонски Енвер Хоџа. СДС до сега не се огради и не го осуди поклонувањето на Левица пред комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Али Ахмети пееше песни за Хоџа, а Апасиев се поклонува на неговиот гроб.
Македонскиот Енвер Хоџа-Димитар Апасиев е фолирант и продолжена рака на интересите на СДС. Тој е спаринг партнер со улога да глуми опозиција на СДС и ДУИ.
Затоа нема ниту осуда, ниту оградување на СДС и ДУИ за Енвер Хоџа од Македонија во ликот на Апасиев, стои во соопштението.