Растечкиот притисок на Кина кон Тајван и војната во Украина се во фокусот на разговорите на министрите за надворешни работи на групата Г7 најразвиени земји денеска се собраа во јапонскиот туристички Каруизава.
Источна Азија беше топ дипломатска тема во изминатите денови. Северна Кореја лансираше „нов топ“ на интерконтинентална балистичка ракета, а Кина претходно изведе воени вежби околу Тајван, што дополнително ги подгреаја тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон.
Покрај затегнатите кинеско-американски односи, акцент ќе биде ставен и на прашањата за економска безбедност и на потребата од диверзификација на ланците за снабдување во областа на енергетиката.
Министрите на земји членки на Г7 ќе се осврнат и на други меѓународни кризи, од власта на талибанците во Авганистан и нападите на воената хунта во Мјанмар, до вселената, сабјер безбедноста и дезинформациите. Не се очекува договор за порадикални мерки кон Русија, меѓутоа од учесниците се очекува поддршка на напорите за кривично гонење на сторители на воени злосторства, како и истакнување на загриженоста поради руските закани со нуклеарно оружје. Состанокот во Каруизава треба да послужи и како подготовка на терен за самитот на шефови на држави на Г7 што е закажан во мај во Хирошима.