– Македонскиот репрезентативец Ахмад Магомедов освои бронзен медал на Европското првенство во борење што се одржува во Загреб, Хрватска.
Магомедов во борбата за бронзата го победи Арман Авагјан од Ерменија со 7:4.
Патот до бронзениот медал на Магомедов беше победа над Станислав Новац од Молдавија, па пораз од Кугиумцидис од Грција, триумф во репасажот против Габриел Рамос од Шпанија и синоќешната победа над Авагјан.