Најдобрата македонска машка сениорска ракометна репрезентација ја очекуваат дуели со Луксембург и Турција во квалификациите за Европското првенство, пресметки за кои селекторот Кирил Лазаров ги одбра играчите со кои ќе се обиде да дојде до посакуваните резултати, објави Дерби.мк.
Списокот е скратен од 35 на 21 ракометар, се враќаат Филип Талески и Гоце Георгиевски, а тука е и Михаил Аларов како еден од петте кружни напаѓачи за кои Лазаров се реши да смета за мечевите закажани за 26 и 30 април.
Македонија гостува кај Луксембург на 26 април од 20:15 часот, додека последниот меч е на 30 април во СЦ „Борис Трајковски“ од 18:00 часот против Турција.