Граѓаните од српска националност кои не сакаат да земат косовски пасош можат да добијат и српски пасош, но издаден во управата за координација – со таков пасош не можат да влезат во Европската унија без виза, пренесува Aljazeera Balkans.

Откако Косово доби визна либерализација, со која граѓаните од следната година ќе можат слободно да патуваат во земјите на Европската унија, останува прашањето како ќе патуваат Србите со адреса на Косово, кои немаат косовски пасоши, туку документи издадени од српските институции.