Богдан Илиевски на социјалните мрежи објави статус во кој тврди дека премиерот Димитар Ковачевски потрошил 22.435 денари за 24 часа за Фејсбук реклами за само еден ден.
Вашиот омилен инфлуенсер потрошил 22.435 денари за 24 часа, на 16 април, за фејсбук реклами, за да ве убедува дека е многу јак, спремен, паметен, вреден и успешен. 366 евра за еден ден.
Парите со кои некои луѓе минуваат цел месец ги троши во еден ден. На фејсбук реклами. За да ви каже дека е толку добар што сите тоа го гледаат и го знаат.
2452 евра за една недела.
9855 евра за еден месец.
23162 евра за три месеци.
Имајте на ум кога купувате макарони поефтини за 4 денари.
Патем, платата му е/беше 1500 евра. Сега со 78% покачување, можеби ќе почне и по 500 евра на ден да троши. Има се, може се, напиша тој на својот профил.