Времето денес претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Како што соопшти УХМР, од утре па се до средината на следната седмица во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер.
Постабилно ќе биде само во недела, кога ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.