Папата Франциск денеска повика на „дијалог“ за решавање на „сериозната“ ситуација во Судан, каде повеќе од една недела беснеат смртоносни борби меѓу армијата и паравоените сили.
Од 15 април, двајцата генерали, на власт по пучот во 2021 година, започнаа безмилосна војна во Судан.
Насилството, главно во Картум и Дарфур (запад), ги одзеде животите, на повеќе од 420 луѓе, додека повеќе од 3.700 се повредени, според податоците на Светската здравствена организација. Тие, исто така, предизвикаа раселување на десетици илјади луѓе во други држави на Судан или надвор од границите на земјата, во Чад и Египет. Тие, исто така, доведоа до мобилизација на земјите за отстранување на нивните државјани.