Сундар Пичаи, извршен директор на Alphabet, матичната компанија на Google, доби вкупно 226 милиони долари плата и надомест во 2022 година, што е повеќе од 800 пати повеќе од просечната плата на вработените во компанијата.
Неговата годишна плата била два милиони долари, се вели во извештајот што компанијата го доставила до регулаторот.
Згора на тоа, на Пичаи беше награден со 218 милиони долари за минатогодишното работење на компанијата, а пакетот за компензација вклучуваше скоро 6 милиони долари за лично обезбедување. Просечната годишна исплата на вработените во Alphabet во 2022 година, пак, била 279.802 долари, така што надоместокот на извршниот директор бил 808 пати поголем.
Другите извршни директори на Alphabet и Google заработија приближно 22 до 35 милиони долари во годишни награди за акции, покажа извештајот. Тој извештај беше објавен во време кога Alphabet започна со реструктуирање на своето работење, вклучувајќи го и намалувањето на бројот на работници за 12.000, што започна во јануари и достигнува 6 отсто од вкупниот број вработени.
Финансиската директорка на Google, Рут Порат, на почетокот на април најави дека компанијата ќе постигне дополнителни заштеди со намалување на бројот на компјутери и услуги.
Компензацијата на извршните директори стана особено чувствителна тема во технолошката индустрија, особено по бранот отпуштања во голем број компании.
Извршниот директор на Apple, Тим Кук, ги намали своите исплати за оваа година, откако ги налути вработените земајќи 100 милиони долари плата и компензација во последните две години.