Македонија ќе плати 53 милиони евра еднократно и над 2 милиони евра секој месец додека трае проектот за изградба на Коридорот 8, затоа што Ковачевски и Груби не воделе сметка за државниот интерес.
Законите кои ги предлагаат ќе нанесат уште поголема штета.
Ковачевски наместо за државата работи за себе наместо да и служи на Македонија тој е посветен на бизнисите на неговите блиски.
Смешно е СДС да зборува за црвена буржоазија, кога имаат претседател кој докторирал во државата каде татко му бил амбасадор, за време на неговиот мандат.
Семејството Ковачевски е како метастаза во државниот апарат.
Димитар Ковачевски докторирал во Црна Гора, држава во која амбасадор бил неговиот татко.
Ковачевски потоа со доаѓањето на СДС на власт основа фирма со неговиот кум, „Пиксел груп“, која е во центарот на аферата „Броило“ тешка над 20 милиони евра.
Откако „Пиксел груп“ се рашири низ државата додека Ковачевски е премиер, во бизнисот се впушти и неговата сопруга, која основа фирма за изградба на фотоволтаична централа, за што земјиште доби од владата со потпис на Груби.
Семејството Ковачевски и да нема полнолетен член кој не добил нешто од државата, дали е тоа земјиште по багателна цена или функција.