Во два различни случаи, уапсени се три лица оти агресивно се однесувале кон полициски службеници.

Ноќеска, во 03.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници ги привеле И.П.(50) и М.С.(29), двајцата од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Вчера пак, околу 13.40 часот на наплатна станица Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 34-годишната Е.Х. од Република Албанија, која се однесувала агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, како и поради сомнение за нерегулиран престој на подрачјето. Таа е задржана во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.