Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу.
-Имав средба со Претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу.
Истакнав дека ВМРО-ДПМНЕ е за добрососедски односи и развој на економската и трговската размена. Да се бориме за подобар живот на сите наши граѓани и иднина каква заслужуваат, напиша Мицкоски на Фејсбук