Со голот против Арсенал, Ерлинг Халанд дојде до бројка од 33 погодоци оваа сезона во Премиерлигата со што го сруши рекордот на Мохамед Салах за најдобар стрелец во Премиерлигата во сезони со 38 кола.

Ерлинг Халанд не само што веднаш се прилагоди на новата средина во Манчестер Сити, туку Норвежанецот не престанува да руши рекорди.

Халанд сега има 33 голови, со што постави рекорд за погодоци во Премиерлигата во сезони со 38 кола. Рекордот го држеше Салах со 32 гола.

Му требаат уште два гола за да ги надмине и Ширер и Енди Кол. Тие имаат дадено по 34 голови во една сезона, но тогаш Премиерлигата броеше 22 екипи, односно имаше 42 кола.