На социјалните мрежи брзо стана хит видеото на кое претседателот на Република Српска Милорад Додик го навредува Новак Ѓоковиќ и неговото семејство во студиото на Јавниот сервис на Србија (РТС).

Коментирајќи ја организацијата на турнирот „Српска опен“, кој неодамна се одржа во Бања Лука, Додик меѓу другото рече дека Ѓоковиќ е „тежок циган“, по што најави јавно извинување со порака дека е „наместен “.

Засега се огласи само Срѓан Ѓоковиќ, кој на прашањето на порталот „Н1“ само кусо одговори:

„Немам коментар!“.