Во 2022 година од вкупно 34 градови до државата во 26 се случиле несреќи при работа, што значи дека во 77% биле забележани несреќи при работа, се вели во извештајот на Македонско здружение за заштита при работа.
Во однос на градот во кој се случила несреќата, Скопје е град со најголем број на несреќи. По Скопје следат Битола и Прилеп. Оваа година најголемиот број на смртни случаи поврзани со работното место е во Скопје 4, следат Струга, Струмица и Неготино со по 3 случаеви.
Во 2020 година имало 2,7 милиони повреди на работното место кои резултирале со најмалку четири календарски дена отсуство од работа и 3 355 фатални несреќи. Следбено на податоците на Еуростат, просечно во земјите на европската унија се случиле 2,11 фатални несреќи на 100 000 вработени лица во 2020 година. Најголем број на несреќи се случиле во Кипар и тоа 5,2 смртни случаи на работното место, а најмалку во Холандија, Шведска, Германија, Полска со помалку од 1,5 несреќи на работното место со смртни последици.
Но тоа што треба многу повеќе да не замисли и исплаши дека ова се официјални податоци на земји кои имаат развиени системи за евидентирање на несреќи на работното место, додека во нашиот случај ова се податоци од Македонското здружение за заштита при работа кое со свои ресурси и не-екипираност успева да прибере многу повеќе податоци за загинати вработени на работните места ширум Македонија
Но, доколку за оваа пресметка ги земеме поверодостојните бројките на потешко повредените вработени според податоците кои во ги добивме од Државниот инспекторат за труд, кои изнесуваат 1508 повредени вработени, тогаш ќе добиеме бројка од 189,66 или во текот на 2021 година сме имале 190 повредени вработени на секои 100.000 вработени. Овој податок самиот по себе не кажува многу, но доколку го споредиме со податоците на Евростат, ќе увидиме дека очигледно имаме „слон во собата“.
Имено. низ ЕУ, во 2020 се случиле 1.466 повреди на работното место на 100.000 вработени. Опсегот на стапки на инциденца меѓу земјите-членки на ЕУ е од:
– помалку од 100 несреќни несреќи на 100.000 вработени во Романија и Бугарија до
– повеќе од 2 500 на 100 000 вработени лица во Португалија и Шпанија,
– значително повисока стапка е забележана во Франција (3 425 несреќни несреќи на 100 000 вработени.
Според Евростат, особено ниските стапки на инциденца за несреќи на работа во Романија и Бугарија одразуваат проблем со недоволно пријавување на несреќите на работното место, кој пак директно го поврзуваат со:
– слабо воспоставени системи за известување,
– мал финансиски поттик за жртвите да пријават,
– необврзувачки законски обврски за работодавачите итн.