МВР објави дека денеска само до 10 часот изутрина 7.200 македонски патници се пријавиле за влез и излез од државата на граничниот премин Богородица, од вкупно 13.000.

Голем број на македонски државјани уште вчера масовно тргнаа кон Грција, трет продолжен викенд по ред.

Во претпладневните часови имало и моменти кога во просек се чекало и по повеќе од два часа.