Најмалку 15 српски патници меѓу кои и две деца се повредени откако автобусот во кој се превезувале вчера се превртел на пат во Унгарија. Како што јавуваат локалните медиуми, возачот и уште еден патник имале потешки повреди поради кои биле згрижени во локалната болница. Автобусот кој превезувал 55 лица во се уште неразјансети околности излетал од коловозот, продолжил да се движи во спротивна насока по што се превртел покрај патот. Интервенирале локалната полиција и противпожарната служба која морала да извлече неколку патници кои биле заглавени во превртениот автобус.
Не им ги затворајте вратите на мигрантите беше главната порака која што Папата Франциск ја испрати на мисата на главниот плоштад во Будимпешта.
Повеќе од 50.000 луѓе дојдоа да ја следат мисата пред унгарскиот парламент, еден од најтврдите парламенти во Европа кога станува збор за политиката на прифаќање на мигранти. Турнејата на Папата во овој дел на Европа е негово прво патување откако во пресрет на велигденските празници тој беше хоспитализиран поради бројнхитис поради што ја откажа и мисата за Велики Петок во римскиот колосеум.
Облаци со густ чад и денеска се издигаат над суданскиот главен град Картум. По интензивните борби во текот на ноќта, локалните медиуми јавуваат дека утрово ситуацијата е мирна иако се слушаат спорадични престрелки. Борбите меѓу суданската армија и милитантите се спуштија во резиденцијалните области од каде локалното население е веќе повлечено.
Генерално не се почитуваат договорите за прекин на огнот кои ги гарантираат меѓународни медијатори, вклучувајќи ги и САД од кои последниот истекува на полноќ по локално време.
Во меѓувреме сите странски земји ги евакуираа своите граѓани и дипломати а меѓународни институции веќе испратија и хуманитарна помош. Медиумите јавуваат дека илјадници граѓани ноќта ја минале на главното пристаниште во Картум во надеж дека ќе бидат евакуирани.