Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 18 часот и 6 минути во Грција на 19 километри од Јанина, објавено е на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

 

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 14 километри, а засега нема информации за евентуална материјална штета.