Во Молдавија е уапсена Марина Таубер, една од лидерките на долготрајните опозициски протести, со кои се бара оставка од проевропската Влада во Кишињев.
Таубер беше во првите редови на уличните протести против претседателката на Молдавија, Маја Санду, која се залага за брза интеграција во Европска Унија. Таа е висок член на втората по големина опозициска партија, предводена од Илан Шор, кој живее во егзил во Израел и минатиот месец беше осуден на 15 години затвор поради банкарска измама.
Таубер се соочува со обвиненија за измама за финансирање на партијата и беше уапсена додека се обидуваше да отпатува во Израел, при тоа кршејќи ја судската одлука.
Обвинителството наведе дека таа засега останува во притвор. (МИА)