Пациентите со цистична фиброза денес ќе протестираат во 12 часот пред Министерството за финансии.

Тие бараат одговор од надлежните институции, до каде е набавката на лекот „трикафта“ и со законските измени за побрза набавка на лекот.

Претседателот на Асоцијација за цистична фиброза, Фики Гаспар рече дека неофицијално на Влада поминало, уште 18 пациенти да добијат лек и тоа е за поздравув, но апелираат лекот да дојде до сите пациенти.

Во моментов, „трикафта“ примаат 12 лица.