На повеќе места во центарот на Белград и во други градови во Србија се собраа голем број граѓани за да им оддадат почит на жртвите од денешниот масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ и да им дадат поддршка на нивните семејства.
Најмногу луѓе има на Цветни трг во Белград.

Тие донесоа цвеќе и запалија свеќи за осумте убиени деца и обезбедувачот Драган Влаховиќ.Многумина не можат да ги задржат солзите…

Сообраќајот е во прекин во центарот на Белград.

Луѓето се собраа во близина на училиштето каде утринава околу 8 часот и 40 минути момче уби чувар и осум ученици, а повреди уште шест деца и наставничка, а потоа ја повика полицијата која го уапси.