Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека меѓу жртвите во вчерашното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград има ученичка од француска националност, јави дописникот на МИА од Белград.
-Бевме длабоко шокирани кога дознавме за пукањето во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград утрото на 3 мај, кое резултираше со голем број жртви, меѓу кои и еден ученик од француска националност, соопшти Министерството за надворешни работи на изјави Франција.
Тие изразија длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакаа брзо закрепнување.
-Нашиот персонал и амбасадата во Белград прават напори да му пружат целосна поддршка на семејството на нашиот млад сонародник во овој тежок момент, се додава во соопштението.
Како што е наведено, Франција изразува сесрдна солидарност со српскиот народ и властите поради оваа трагедија.