Директорот на технолошко-индустриските развојни зони, Јован Деспотовски, најави денеска на брифинг, три нови инвестиции.
Една во ТИРЗ Скопје, потоа во Штип и во Кичево.
Со трите компании се постигнал договор а со едната на крајот на мај ќе се потпишува, додава Деспотовски.
Сериозен раст на уплатите во буџетот од страна на компаниите во зоните регистрирала Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони.
Велат дека тоа генерално се должи на зголемувањето на бројката на вработени во овие компании.
Исто така од ТИРЗ потенцираа дека динамиката на раст на нето платите во зоните ја надминува динамиката на раст на нето платите во националната економија.
Кај странските инвеститори помал е и ризикот од недостаток на работна сила во однос на другите места.