Украина, Русија, Турција и Обединетите нации не постигнаа договор во текот на денешните преговори за извозот на жито.

Портпаролот на ОН, Фархан Хак изјави дека не е дадено овластување на ниту еден нов брод за извоз на жито преку Црното Море.

Тој додаде дека продолжуваат секојдневните инспекции на претходно одобрените бродови.