Припадници на МВР во Сремска Митровица лишиле од слобода четиринаесетгодишник од Лачарк, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста.
Се сомнева дека на социјална мрежа објавил фотографија од осомничениот за убиството на осум деца и обезбедувач во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, со одобрение и со порака дека ќе го направи истото како него, пренесува Танјуг. Осомничениот со кривична пријава е приведен кај судијата за малолетници на Вишиот суд во Сремска Митровица.