Лондонската полиција уапсила десетици демонстранти за време на церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила.

Како што пренесе Би-би-си, станува збор за 52 апсења кои биле извршени поради низа причини и сите остануваат во притвор.

Според објаснувањето од полицијата, лицата биле приведени поради неколку прекршоци, вклучително и тепачка, прекршување на јавниот ред, нарушување на мирот и заговор за предизвикување јавна непријатност.