Кај ученичка во основното училиште „Кочо Рацин“ бил најден список со имиња, а кои соодејствувале со имиња од нејзини другари. Девојчето има помалку од 14 години, а за случајот е запознаена и полицијата. Веќе од вчера се преземаат дејства за расчистување, известени се и родителите. Содржината на писмото не се открива, а повеќето медиуми известуваат дека станува збор за заканувачка содржина, пишува Макфакс.
„47-годишна жена пријавила дека во основно училиште на подрачјето на Центар ученичка во училиштето направила список со закани за соученици. Известени се директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
За случајот била известена директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и Јавен обвинител.
Од полицијата додаваат дека во тек е истрага и се преземаат мерки за расчистување на случајот.