Неколку лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала кој рано утринава ја погоди Јапонија, а најмногу се почувствува во потесното и поширокото подрачје на Токио, како и во префектурата Чиба.
Земјотресот се случи во 4:16 часот по локално време, а ова е прв пат од март 2012 година префектурата Чиба да биде погодена од земјотрес со јачина поголема од пет степени. Евидентирани се помали штети, како и доцнење на возови.
Најмалку четири лица се повредени. Не е издадено предупредување за цунами, јавува агенцијата „Кјодо“.
Јапонската метеоролошка служба ги советува граѓаните да бидат внимателни.