„Рамо до рамо“ акцијата со црвени елеци кои ја започнаа СДСМ очигледно не дава резултати какви што се очекува, па сега почнуваат трибини какви веќе реализира ВМРО-ДПМНЕ, овој пат со наслов „Резултати што прават разлика“.
ВМРО-ДПМНЕ веќе трета недела ја реализира акцијата „Ова е Македонија, Македонија за сите“, во рамки на која освен теренски посети од 19 тима, и изјави, реализира големи трибини на отворено.
Реакцијата на ова кај противничкиот табор беше покрај релативно напуштање на акцијата Рамо до рамо, отпочнување на трибини под затворено.
Но,трибините не се единственото нешто што е ископирано, тие употребуваат слоган „Резултати што прават разлика” кој е комбинација од два победнички слогани на ВМРО-ДПМНЕ од минатото. „Резултати сега”, слоган на ВМРО-ДПМНЕ од локалните избори од 2005та година, како и „Има разлика” слоган на ВМРО-ДПМНЕ од парламентарните избори од 2014та година на кои поранешниот премиер Зоран Заев беше поразен.
Она што е атипично, е што во моментот СДСМ користи два слогана “рамо до рамо” и “резултати што прават разлика” што е неприфатливо во комуникациските кампањи.
До месец февруари СДСМ имаше партиски собири во спортски сали, но очигледно, тие немаа ефект врз рејтингот на партијата.