Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски соопшти дека барањето на Катица Јанева за помилување не поминало, односно не било одобрено, на последната седница на Комисијата за помилување, која се одржала пред една недела.
Претседателот Стево Пендаровски не го одобрил барањето за помилување и неговата одлука ќе биде објавена во Службен весник на 19 мај, со што ќе стане официјална.