Наместо одговорност, СДСМ го обвинува Мицкоски за 1990 место на ранг листата на УКИМ и неговиот пад.

Соопштение на СДСМ:

За рејтингот на УКИМ, ВМРО-ДПМНЕ треба да се обрати кај Христијан Мицкоски.

Токму Мицкоски е олицетворение на она што се случува во дел од факултетите, затоа што прво дипломирал, а потоа продолжил како асистент на исти предмети кај својот татко за на крај таму да биде и професор.

Мицкоски и неговата академска кариера имаат директно влијание врз актуелната состојба во високото образование.

ВМРО-ДПМНЕ е последната партија шот може да зборува за високото образование затоа што токму тие со години системски го уништуваа образовниот систем, ја нарушуваа автономијата на универзитетите и вршеа притисоци кон професори и студенти.