Основното јавно обвинителство Куманово спроведува истражна постапка против 42-годишник кој е уапсен откако во Куманово ограбил финансиско друштво за брзи кредити.
„Осомничениот, на 15 мај, ставил маска на лицето и влегол во финансиско друштво на улицата „3-та Македонска ударна бригада“ во Куманово. Од појасот извадил нож и со започнал да се заканува на вработена во подружницата дека ќе ја нападне доколку не му даде пари. Исплашена за сопствениот живот, оштетената му кажала дека парите се наоѓаат во фиоката, па осомничениот ја отворил фиоката и одзел 13.740 денари и една службена банкарска картичка. Веднаш потоа го напуштил објектот.“, информира Обвинителството.
До ОСновниот суд Куманово поднесен е предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Обвинителството верува дека постои опасност од бегство, можност да го повтори делото или развојникот да влијае врз сведоците.