Според информациите од „вечниот град“, Рома имала 16.000 влезници за финалето, колку што им следува од УЕФА за финалист и денеска претпладне пуштила прво 10.000 влезници за навивачите кои имаат сезонски билети, кои веднаш биле разграбани, а потоа биле пуштени во продажба и останатите 6.000 влезници кој експресно се продале.
Уште најмалку 10.000 луѓе останале без билети и со часови чекале за да дојдат во вредното парче хартија, но не успеале да дојдат до него. Од италијанската престолнина сега се најавува дека најмалку 10.000 навивачи дополнително ќе дојдат во Унгарија за да се обидат да најдат билет или само колку да ја почуствуваат атмосферата во фан-зоната.
Финалето во Лига Европа, каде Рома ќе се бори за трофејот со Севилја е на 31 мај на „Ференц Пушкаш“. Рома лани во Тирана ја освои Конференциската лига, што беше прв трофеј за „волчицата“.