Момчето-убиец, кое на 3 мај уби 9 ученици и припадник на училишното обезбедување во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, се уште е на специјален третман во белградска клиника. Тој нема пристап до телефон, лаптоп, весник, радио или телевизија.

Овие мерки се преземени за момчето-убиец да биде целосно изолирано, и да се обезбеди потребниот простор за психолошка анализа, пишува „Блиц“. Отуѓувањето од надворешниот свет е неопходно и во контекст на (не)гледањето на реакциите во јавноста за незапамтеното злосторство, зартоа што момчето-убиец во неколку наврати се интересирало како е претставен во медиумите и изразило уверување дека тој станал „популарен“.

Нема молба, не ни праша за родителите. Единствените интереси му се кога излегува и какви се реакциите на неговиот чин. Што се случува надвор и тој очекува да биде популарен. Неговите очекувања се буквално дека ќе се соберат под неговиот прозорец и ќе скандираат за него, вели извор на „Блиц“.