Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски при денешната посета на Карпош и населените места во рамки на теренската активност „Ова е Македонија за сите“, истакна дека во директна комуникација со граѓаните се поголемо е општото незадоволство од целокупната ситуација во државата, каде што и меѓународните судови веќе потврдуваат дека живееме во системска неправда.

„Продолжуваме со активностите на терен директна комуникација со граѓаните денес сме во скопски Карпош каде што исто така кога ќе комуницирате со граѓаните ќе видите исто така има едно општо незадоволство за целокупната состојба во државата. Живееме во држава веќе почнаа и меѓународните судови да потврдуваат дека системот носи политизирани одлуки дека имаме системска неправда која што се прави врз нашите граѓани по вчерашната потврда на европскиот суд за човекови права поврзан со случајот на 27 април, живееме во држава каде што се потпишуваат договори кои што се класифицираат, повеќе од милијарда евра се трошат средства на граѓаните а не знаеме точно каде се трошат тие средства, навидум за инвестиција во некои инфраструктурно решение а видовме дека нема ниту а од автопат, не километар како што кажувам често ниту метар автопат не е изграден а тоа е таа состојба поврзана со коруптивниот скандал на „Бехтел и Енка“ ние сме тука да дискутираме со граѓаните за како Македонија треба да се движи напред, кои се тие проекти кои што ни се суштински потребни за подобар животен стандард за надеж во секоја област на функционирањето продолжуваме и во следните недели се до конечниот момент каде што доаѓаме до парламентарни и претседателски избори очекуваме голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата а по таа победа и формирање на влада влада која што ќе носи прогрес во Македонија“, нагласи Муцунски.